Управен одбор на државниот испитен центар
Состав и надлежности на Управниот одбор
Управниот одбор на Државниот испитен центар, согласно член 5, став 2 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/08, 148/09, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/18), се состои од седум члена од кои еден е претседател. Членовите ги именува и разрешува Владата на Република Македонија, имајќи ја предвид соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците на чии јазици и писмо се остварува наставата во основното и средното образование.
Состав на Управниот одбор
- Претседател: Хикмете Селмани, Министерство за образование и наука
- Член: Кирил Ќамилов, Државен испитен центар
- Член: Емилија Бошковска, Државен испитен центар
- Член: Метин Сали, Биро за развој на образованието
- Член: Муса Шасивари, Биро за развој на образованието
- Член: Бојана Политова, Центар за стручно образование и обука
- Член: проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска, Интеруниверзитетска конференција
Претседателот и членовите на Управниот одбор се именуваат со мандат од шест години и можат само уште еднаш повторно да бидат именувани.
Надлежности на Управниот одбор
- Го донесува статутот на Државниот испитен центар;
- Ја донесува годишната програма за работа и ја доставува до МОН и Владата најдоцна до 31 јануари;
- Ја донесува завршната сметка;
- Го донесува годишниот извештај за работењето и го доставува до МОН и Владата најдоцна до 31 јануари;
- Дава согласност на актите за организација и систематизација на работните места;
- Одлучува по приговори во врска со работниот однос на вработените;
- Донесува деловник за својата работа;
- Врши и други работи утврдени со Статутот.