Управен одбор на државниот испитен центар

Состав и надлежности на Управниот одбор

Управниот одбор на Државниот испитен центар, согласно член 5, став 2 од Законот за Државниот испитен центар („Службен весник на Република Македонија“ бр. 142/08, 148/09, 41/14, 55/16, 142/16 и 64/18), се состои од седум члена од кои еден е претседател. Членовите ги именува и разрешува Владата на Република Македонија, имајќи ја предвид соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците на чии јазици и писмо се остварува наставата во основното и средното образование.

Состав на Управниот одбор

  • Претседател: Хикмете Селмани, Министерство за образование и наука
  • Член: Кирил Ќамилов, Државен испитен центар
  • Член: Емилија Бошковска, Државен испитен центар
  • Член: Метин Сали, Биро за развој на образованието
  • Член: Муса Шасивари, Биро за развој на образованието
  • Член: Бојана Политова, Центар за стручно образование и обука
  • Член: проф. д-р Елизабета Томевска Илиевска, Интеруниверзитетска конференција

Претседателот и членовите на Управниот одбор се именуваат со мандат од шест години и можат само уште еднаш повторно да бидат именувани.

Надлежности на Управниот одбор

  • Го донесува статутот на Државниот испитен центар;
  • Ја донесува годишната програма за работа и ја доставува до МОН и Владата најдоцна до 31 јануари;
  • Ја донесува завршната сметка;
  • Го донесува годишниот извештај за работењето и го доставува до МОН и Владата најдоцна до 31 јануари;
  • Дава согласност на актите за организација и систематизација на работните места;
  • Одлучува по приговори во врска со работниот однос на вработените;
  • Донесува деловник за својата работа;
  • Врши и други работи утврдени со Статутот.