Обука и испит за директори
Обука и испит за директори • Државен испитен центар
Главната цел на обуката е професионално оспособување на директорите за успешно организирање, раководење и администрирање на работата на училиштето.
Со осамостојување на Државниот испитен центар во ноември 2009 година, започна подготовката за обука и испит за директори на основни и средни училишта.
Правна основа
Од 01.10.2016 година, обуката и испитот за директори се спроведуваат согласно Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење („Службен весник на РМ“ бр. 10/15, 145/15, 192/15, 30/16, 120/18 и 140/18).
Основна обука – 6 модули
Примена на ИКТ Модул 1
ИКТ при менаџирање во образованието.
Теорија на организација Модул 2
Основи на организациски системи и процеси.
Луѓето во организација Модул 3
Лидерство, комуникација и тимска работа.
Директорот како педагошки раководител Модул 4
Педагошко раководење и квалитет во наставата.
Законодавство Модул 5
Релевантни прописи и нивна примена.
Финансии Модул 6
Финансиско управување и одговорности.
Семинарски труд: За секој модул, кандидатите подготвуваат и презентираат семинарски труд пред групата и обучувачот.
Право на полагање на испит
- Успешно завршена основна обука.
- Положен психолошки тест и тест за интегритет (не постари од 2 години).
Испит за директор – структура
- Практична проверка на компјутерски вештини 60 мин
- Проверка на примена на теоретски знаења 60 мин
- Презентација и одбрана на завршен семинарски труд 30 мин